Жива историја – жива природа, продолжува

0
385

По успешната реализација на проектот „ Жива историја- жива природа“, Новаци во партнерство со Алмопија го продолжува проектот и во наредниве 15 месеци со 190 илјади евра , средства добиени од ИПА програмата.

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, вели дека овој дел од проектот е неменет за дореставрација на црквата св. Димитрија, насочување кон местото Коњарка како едно излетничко место и деминирање на патеките во Мариово.

Во ланскиот проект, се реставрираше мостот во Зовиќ, куќата на Калеш Анѓа и црквата Св.Димитрија кај  нас, слични зафати годинава ќе има и на грчка страна.

Димитрис Бинус градоначалник на Алмопија вели дека тие ќе се активираат на еден византиски објект, пристапните планински патеки на едно традиционално село како и пештера во Лутраки, близу термалната бања.

Проектот, двете страни го оценија како одлична можност за развој на историско то културно наследство, но и како можност за соработка и пријателство меѓу општините.

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY