Живеење во демократија – Пилот обука во Битола

0
177

Ќе се обучуваат наставници од основното образование во Битола како да внесат наставни единици од областа на демократијата во сите предмети на наставната програма.Ова произлезе од проктот Живеење во демократија меѓу Универзитет за образование на наставници – Цирих и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола кој трае една година а има за цел подготовка на прирачници за наставниците.OLIVERA_DEMOKRATIJA_002.jpg

Валентина Илиева коориднатор на проектот вели дека ќе бидат вклучени сите наставници по предметите Историја, граѓанско образование и други предмети.

Обучувачи се професори од Атина и Цирих Швајцарија.

OLIVERA_DEMOKRATIJA_003.jpg

Ролф Голоб вели дека оваа обука е важна заради внесот на демократијата и ги поканиле сите наставници од градинка па се до средно
А Гели Арон вели дека овие 6 едиции ќе бидат објавени на нивната страна за да бидат подостапни до кроисниците.

Прирачниците биле соодветно преведени и по одреден период треба да дадат резултат.

Проф.д-р Златко Жоглев ректор при УКЛО рече дека и министерствотот за образование и основните и средните училишта констатирале дека ваквата обука е неопходна.

Семинарот се одржува во битолското основно училиште Свети Климент Охридски и ќе трае 4 дена.