Живец-мултимедијален проект на Иванчо Талевски и Васко ДуковскиЖивец-мултимедијален проект на Иванчо Талевски и Васко Дуковски

0
272

Живец е аудио визуелен проект, соработка помеѓу уметничките работници Иванчо Талевски и Васко Дуковски,а како гостин на овој перформанс беше мајсторот ѕидар Сиљан Трајковски, кој беше презентиран пред битолчани во културниот центар Магаза..

Живец е акт на оркестрирање и отелотворување на организам, кој преку апсурдност и ограничување генерира нови форми-велат авторите.

Иванчо Талевски е ликовен уметник од Битола, кој живее и работи во Филаделфија, САД, а воедно предава на Универзитетот University of Pennsylvania во Филаделфија. Неговото творештво се фокусира кон изработка на цртежи, графики, слики и скулптури, кои функционираат како архив на реакции кон проблеми и феномени за кои секојдневно размислува и се труди да ги разбере.

Со самостојни изложби се има представено во Њујорк, Филаделфија, Балтимор, Берлин, Скопје, Гевгелија и Битола.

Васко Дуковски е исклучително иновативен виртуоз на кларинетот, роден е во Охрид, а живее и работи во Њујорк. Се смета за еден од најбараните изведувачи за Авандгардна Фри Стајл и Современа класична музика.

Сиљан Трајковски е исклучителен мајстор, зидар од Пустец, Мала Преспа. Тој има изведувано градежни зафати ширум Република Македонија, како што е и неговата инволвираност во изградбата на главната црква на Плаошник.

Живец, го истакнува стравот, кој во овој случај иницира ритуал со кој цели да нештата се содржат, заштитат, или стават во некаква рамка, а во меѓувреме тој акт сам по себе ја менува самата природа на нештата што се стреми да ги заштити.целта е да се зодаваат и бараат нови форми на изразување.

Премиерата на проектот Живец, беше во рамките на самостојната изложба -Идејни Решенија за Спомен Бележја на Иванчо Талевски во Магазата во Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY