Живко Митревски сменет од позицијата претседател на ССМ

0
676

ССМ денеска испрати соопштение во кое известува дека Живко Митревски не е веќе претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој е сменет на седницата на Советот на 13 ноември, а за в.д. синдикален лидер е избран Дарко Димовски.

-На седницата беше констатирарано дека Митревски подолг период одржува седници на Претседателството и на Советот на ССМ без потребен кворум, носи одлуки спротивни на статутот и на штета на поголемиот дел од гранските синдикати и издава имот во зградата на ССМ без одлуки на органите и телата, се вели во соопштението на ССМ потпишано од новиот претседател Дарко Димовски.

На седицата на Советот било констатирано и дека Митревски ги раскарал и поделил гранските синдикати здружени во ССМ и тие немаат комуникација меѓу себе и дека него веќе не го гледаат како фактор кој може да биде на чело на синдикалното движење во Македонија.

Одлуката за смена на претседателот, ССМ ја доставил до Министерството за труд и социјална политика, кое одлучило Димовски да биде запишан во Централен регистер како одговорно лице во Синдикатот и решението е доставено на 14 ноември.

-Централниот регистер непочитувајќи ги законските одредби сѐ уште ја нема извршено промената, со што му нанесува штета на севкупното членство на гранските синдикати на ССМ, се вели во соопштението.