Животен шепот, прва книга на Анѓела Филиповска

0
319

Поетската збирка со наслов Животен шепот, е прва книга на младата поетеса Анѓела Филиповска.Песните тематски се организирани околу есенцијални, филозофски прашања кои отсекогаш си ги поставувал човекот.

Истите гравитираат околу повеќе теми. Анѓела, активно пишува поезија од најрано детство и има напишано над двестотини творби.
Учествува на литературни читања и манифестации.
Во книгата, Анѓела допира и еколошки теми преку кои се препознава загриженоста за иднината на човештвото, песни со љубовна тематика и многу други.
Оваа поезија е густа есенција на животот препозната од некој толку млад според годините.
Уште од најрана возраст, Анѓела е љубител на уметноста и пишаниот збор.
Од својата 4- та година е член на детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј и од самиот почеток бележи големи успеси.
На 4 години ја добива специјалната награда од Јапонија, на 5- златна плакета од матичното студио, а потоа го освојува првото место на меѓународен натпревар во Франција.
На 9 години, ја добива престижната награда Гран при во Јапонија и е единствениот поединец кој ја добил оваа престижна награда од постоењето на ликовното студио.
Неда Маретиќ