Животот на една девојка, прва книга на Ангела Пандовска

0
5061

Желбата за искрена љубов, желбата за искрено другарство ја инспирира младата авторка Ангела Пандовска да ја напише својата прва книга Животот на една девојка.
– Кога книгата би имала душа кога зборовите самите би излетувале од устата и би се запишувале врз белата харија тогаш би рекла дека тоа е фантазија, делириум. Но додека не ја прочитав книгата на оваа млада авторка бев во заблуда, сепак нејзината книга постои зборува душевно се лечи со зборовите кои излетуваат од срце и се впишуваат како црни дамки врз белиот лист- пишува рецензентот проф.Андриана Ѓоргиев.
Книгата е напишана во форма на мемоари . Пандовска мајсторски ги опишува местата, а на читателот му дава простор да се замисли, да си филмува еден сон за кој ќе мечтае уште повеќе.

Ангела е родена 2002 та година во Битола.Сонува за прошетка по светот како што самата вели, а од местата кои досега го посетила најмногу ја фасцинира убавиот град на гондоли и градот на бајките.
Принцеза во секоја од испишаните бајки, раскажува низ што поминала
авантури, заплети, расплети и најважно од се љубовта.
Животот на една девојка ќе ги вовлече читателите во авантури исто како и тие да се таму.