Жолта алертна фаза во охридско-преспанскиот регион

0
318

Топлото време ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, како и во понеделник, кога се очекува целата територија на земјава да биде зафатена со температури кои ќе го надминат 40 степен.

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.