Жребување во ДИК за редоследот на листите за локалните избори

0
234

Државната изборна комисија (ДИК) денеска или утре треба да организира жребување за утврдување на единствените листи на кандидати за совети на општините и за градоначалници за претстојните локални избори.

Листа на кандидати за членови на совет и листа на кандидат за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини.

Редоследот на кандидати во листата ДИК го утврдува со жрепка и тој е ист во сите општини, а во општината каде нема да има свој претставник соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

Најдоцна до 21 септември, пак, општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Без коментари