ЖРК Пелистер ги претстави новите ракометарки

0
2296

ЖРК Пелистер денес на прес-конференција ги претстави засилувањата за новата сезона. Според најавите битолчанки ќе имаат посилен ростер од минатата сезона. Клубот врати неколку ракометарки кои потекнуваат од школата, а настапуваа во Металург.

Дресот на пелистерки ќе го носат Габриела Величковска, Маја Каранфиловска, Сања Дабевска, Ивана Стојменовска, Сандра Дурлова и Бисера Пасквал. Најавите се дека нивото на квалитет ќе биде поголемо и дека целта на Пелистер ќе биде излез во Европа.

Претставена беше и новата опрема, а дебито пелистерки ќе го имаат за време на викендот против Куманово во гости.