Жртви и огромни штети од поплавите во тетовско

0
362

Пет лица, од кои две се деца ги загубија животите, а уште 11 други се повредени во невремето што го зафати Тетово и регионот во понеделникот во вечерните часови, соопштија од Клиничкиот центар Тетово.

Од СВР Тетово во вторникот рано утрото го потврдија случајот за загинатото малолетно машко дете од населбата Голема Речица чиј идентитет сé уште не е утврден, како и 14-годишно девојче од тетовска Шипковица, чиј идентитетот е потврден. Според непотврдени информации, настраданите се жртви на одрони и лизгање на почвата, има загинати и од струјни удари.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат за уште три жртви од Шипковица. Патот до селото е отежнат поради огромни наноси на земјиште претворено во кал и дрвја, на чие расчистување од понеделникот вечерта работи механизацијата на Општина Тетово и службите за справување со кризи.

Најкритична е ситуацијата во Голема Речица од каде што е и официјално првата потврдената жртва. Точната бројка на загинати и повредени ќе се утврди во текот денот.

Според официјалното прво соопштение од МВР, на 03.08.2015 година во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што од 18 до 19 часот го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубиле својот живот: Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица.

Безживотните тела на Х.Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во Голема Речица. Покрај ова и уште едно девојче на возраст од околу 6 години од с. Шипковица како и Р.Ј.(61) од с.Лисец засега се водат како изчезнати. Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, покрај другото, придонесе и да се излеат повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти и автомобили.

Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Владимир Пешевски, заедно со министрите Јолевски и Чавков синоќа околу полноќ го посетиле селото.

Невремето во Тетовско вчера траела четириесетина минути, во кои, како што велат локалните жители, од обилните дождови и ветрови се споиле небото и земјата, а планината се движела.

Шиковица е целосно параизирана, а 60 кужќи се делумно или целосно оштетени и се онеспособени за живеење. Прозорците се искршени, мебел накиснат од водата излегува од нив. Недостасуваат и делови од ѕидовите на куќи, а тече вода на местата каде се пробиени ѕидовите