Жртвите на авионската несреќа пренесени во Русија

0
439

Телата на 144 загинати во авионската несреќа во Египет во саботата беа пренесени назад во рускиот град Санкт Петерсбург, а истрагата за причината на падот на авионот продолжува, објави британски Би-Би-Си.

Сите 224 патници во Ербас 321 – повеќето од нив Руси – починаа кога авионот се сруши над северниот Синајски полуостров.

Во земјата беше прогласен ден на жалост во неделата по најголемата авионска катастрофа.
Шефот на руската агенција за воздушен транспорт Александар Нерадко изјави дека авионот се распаднал на голема надморска височина.

Авионот Kogalymavia превезувал 217 патници, меѓу кои 25 деца, соопштија руските транспортни власти. Имало седум членови на екипажот.Четворица од патниците биле украински државјани, а еден од Белорусија.

Без коментари

LEAVE A REPLY