„ЅИД НА СРАМОТ“ во Битола

0
951

Фотографии од загадување, потпалување на ѓубришта, диви депонии,  се  дел од материјалите што се најдоа на таканаречениот „Ѕид на срамот“, поставен од граѓанското здружение „За нас се работи“.

12313898_1664608663816119_7257207242701368687_n

Акцијата е во рамки на серија настани за информирање и за едуцирање на граѓаните, не само на тема екологија, туку и за нивната вклученост во носење одлуки од локалната самоуправа. Од „За нас се работи“  истакнуваат дека граѓаните ќе можат и во наредните денови да пријавуваат проблеми со загадувањето на воздухот, водата и на почвата во овој град, како и идеи за нивно решавање.

Материјалите треба да содржат информации за проблеми од областа на животната средина и просторно планирање во Битола и околината како и идеи за нивно решавање. Сите доставени материјали треба да бидат во форма, локацијата каде се наоѓа проблемот кој е сврзан со информација, од кога датира, видот на проблемот, доколку располагате со фото или видео или пишан опис на проблемот и решение или пат на процесуирање на самиот проблем (доколку граѓанинот има).

Без коментари

LEAVE A REPLY