Зика на Балканот?

0
348

Светската здравствена организација предупреди дека вирусот зика што го пренесуваат комарците и кој предизвикува сериозни дефекти при раѓањето би можело да се прошири во Европа, вклучувајќи ги Балканот и делови на регионот околу Црно море. Во вчера објавениот извештај се констатира опасноста од овој вирус кој веќе е дететктиран во над 50 земји во светот. Вирусот се поврзува со илјадници случаи на редок проблем при раѓањето што кај бебињата предизвикува да имаат невообичаено мали глави.