Зиков се откажа од директорското место во МЕПСО

0
637

Љупчо Зиков вели дека ја вратил поканата и нема да биде директор за финансии и комерција во МЕПСО. Во долгата објава на Фејсбук, тој напиша дека ја донел одлуката поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство, откако на 6 август беше соопштена одлуката на Владата за неговото назначување на директорската позиција во МЕПСО.

„Да се каже најлошото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хишпокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани… Се измислуваа разни проблеми и причини… Затоа решив да ја вратам поканата и да се заблагодарам. Не сакам мојот избор на било каков начин да ѝ наштети на имиџот на оваа Влада во чија програма и премиер силно верувам“, напиша Зиков на социјалната мрежа.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“, а беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.

Почетна – Сакам да кажам

Без коментари