Зимска авантура во Банско со ЈК травел од Битола

0
952

Банско или како што го нарекуваат балканскиот Сент Мориц, е релативно нов планински скијачки центар во Бугарија. Се наоѓа во подножјето на планината Пирин, на 160 км одалеченост од главниот град Софија. Природните карактеристики, преку националниот парк, старата населба со препознатлива традиционална архитектура, долгата историја и традиција, надополнета со нови и урбани хотелски комплекси и инфраструктура, го прават Банско еден од најпрестижните скијачки ресорти во Источна Европа. Препознатливо место и по активниот дневен и ноќен живот, како и по скијачките патеки кои се подобни како за почетници така и за врвни скијачи, го прави доволно привлечно да биде еден од најбараните аранжмани во ЈК травел агенцијата во Битола.
Од градот до скијачките терени може да се стигне со автомобил или со гондола. И за едното и за другото се потребни околу 25 минути. Се разбира, возењето со гондола е многу поинтересно, која е долга 6км., го поврзува туристичкиот центар со ски терените на планината Пирин.
Од мал скијачки центар со неколку жичарници и ски-лифотви и стари хотели, за десетина години, малото гратче со околу 10.000 жители се претвори во балкански Сент Мориц. За тоа придонесоа изградбата на голем број нови хотели и инвестицијата од 130 милиони евра во модерен ски-центар.
Скијачките патеки се на височина од 960 – 2.600м, што само по себе го прави привлечно место како за скијачите така и за бордерите.
А на 600 метри од гондолата и 750 метри од центарот на Банско, распослан е хотелот Зара.
Еден од најпознатите хотели каде Комбинацијата од камен и темно дрво како и единствениот стил, на гостите им создадаваат чувство на топлина и удобност. Високо квалификуваниот персонал се грижи за доброто расположение на гостите.
После уживањето во зимските спортови гостите може да се релаксираат во спа центарот во Зара, составен од внатрешен базен, надворешен базен, фитнес центар, сауна, масажа, парна бања, турска бања. Гостите може да се релаксираат во ресторанот со различните домашни и интернационални специјалитети, или во лоби барот. Да не го заборавиме и ноќниот живот. Бројните ноќни клубови нудат различни содржини за забава. И македонските изведувачи често настапуваат тука па така во еден од ноќните клубови го затекавме и Слаткар.
Денес Банско е најатрактивната зимска дестинација во Бугарија, но и во регионот, со скијачка сезона која трае речиси половина година.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY