Златен јубилеј на САРИЛ-Битола

0
1199

Постојано изложени на критики и пофалби поради нивната работа. За некои се добри за некои не. Денеска сите заедно како едно семејство го одбележаа 50 годишниот јубелеј. 50 години постоење на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

saril-5

Велат дека на годишно ниво се извршуваат околу 2.500 анестезии, се примаат 300 пациенти во интензивна нега, и се извршуваат во проесек 2000 амбулантни прегледи годишно.

saril-2

За развојот на оваа служба допринеле повеќе од 20 доктори и голем број на сестрински и болничарски кадар.Моментално САРИЛ брои 8 лекари специјалисти, тројца лекари на специјализација, 24 медицински сестри и 5 мина болничари. На денешен ден на 5 ти октомври со одлука на тогашниот работнички совет се формира службата за анестезија, реанимација интензивно лекување

saril-3

Пред големиот број на пријатели и колеги денес ја промовираа и монографијата

saril-6

Порано специјалистите анестезиолози при битолакста болница, дополнително работеле и во општите болници во Струмица, Струга, Кавадарци Кичево, а моментално нивниот персонал помага во општата болница Охрид.