Златна камера 300 на 36-тото Браќа Манаки за филмот Синот на Саул

0
729

Вечерва свечено беше затворено 36-тото издание на ИФФК.Браќа Манаки во Битола.
На манифестацијата беа доделени 10 награди.Најголемо внимание привлекоа добитниците на главните награди во официјалната програма.
Златната камера 300 беше доделена за кинематограферот Маќаш Ердели за унгарскиот филм Синот на Саул.
Сребрена камера 300, доби Адам Аркапо за филмот Магбет.
Бронзената камера 300, отиде во рацете на кинематограферот Матео Гусман за филмот Земја и сенка.
.-Видовме многу интересни филмови и имавме тешка одлука-вака се обрати на публиката ,претседателот на жирито Ришард Ленчевски.
– Во оваа професија сум 47 години и можам да кажам, во светот не постои место каде те застануваат на улица, како тука во Битола и те прашуваат за камерата во филмот.Браќата Манаки поставиле одлична основа и сега сигурно
би се гордееле со вас-истакна добитникот на наградата за животно дело, Божидар Бота Николиќ.
-Во мене често снимаше режисерот а режираше кинематограферот. Тука се чувствувам како свој на своето и меѓу своите-додаде тој.
Добитникот на уште една награда за животно дело, чешкиот кинематографер Јаромир Шофр, истакна дека се надева дека сите филмови ќе бидат дигитализирани, бидејќи тоа д единствен начин тие да се сочуваат.
Во програмата Нов европски филм
,жири комисијата за најдобар го прогласи филмот Овни.
Бона деа наградата за најдобра камера, отиде за филмот Планина во режија на Салавиза,а на кој кинематографер е
Вијана .Тој преку видео порака се заблагодари за наградата на жирито и истакна дека е прв заеднички игран филм со Салавиза, покрај досегашните кратки филмови.
Жирито во програмата CEE камера,наградата Златен Манаки за најдобар филм, ја додели на филмот Сивас.
За најдобар кинематографер во оваа програма е прогласен Милош Срдиќ за филмот Шумите се сеуште зелени.
Кинематограферот Горан Наумовски, ја доби наградата Мала златна камера 300 за филмот Долу од рајот, во програмата краток филм.
Во рамките на затворањето беше изведен проектот Мил Тон на Гоце Наумов.
Во чест на наградените беше прикажан тајванско кинескиот филм Убиец.