„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

0
576

Холандскиот и светски познат кинематографер Роби Милер (1940) е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржува од 10-ти до 17 септември во Битола.
Одлуката за наградата денеска на прес-конференција ја соопшти новиот директор на фестивалот Благоја Куновски-Доре, кој рече дека со неа „Браќа Манаки“ на најдобар можен начин ќе го прослави и круниса извонредниот креативен и уметнички опус на еден од најголемите директори на фотографија кој, како што рече, е еден од десетте великани-кинематографери  на сите времиња.

13292803_10208756160955410_1430509692_n

За филмот „Спроти брановите“ во режија на Ларс фон Трир пред две децении  во Битола Роби Милер ја доби Бронзената камера 300, а во  2002 година, на 23. ИФФК, ја доби Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Тогаш беше и претседател на жирито за доделување на наградите на филмовите кои беа во натпреварувачката програма.

13293337_10208756160835407_853844834_n
Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, не е во состојба да патува и затоа нема да дојде во Битола. За отворањето на фестивалот во Битола е поканета неговата сопруга Андреа, а статуетката на Роби Милер на 3 јуни ќе му ја врачи директорот на ИФФК Куновски во Амстердам.