Злато, долари, денари и круни му украле од домот

0
356

На 08.11.2015 година во 01.20 часот во ПС-Битола, Б.К.(53) од Битола, пријавил дека од 21.00 часот на 07.11.2015година до 00.50 часот на 08.11.2015 година, во неговата куќа  непознат сторител извршил тешка кражба, при што по извршеното пребарување одзел златен накит, 123 200 денари во разни апоени, 4.000 австралиски долари во разни апоени, 3.000 шведски круни во разни апоени, по што напуштил лице место. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целсоно расчистување на случајот.