Злато за „Титаник“ на битолчанката Евгенија Дивитарова

0
3217

15 годишната битолчанката Евгенија Дивитарова се закити со златен медал откако изработи мини верзија од славниот брод  ,,Титаник,,. Со својот модел прво учестуваше на регионален натпревар по бродомоделарство за млади техничари, а потоа на државен натпревар, кој се одржа во Куманово, го освои првото место. Таа е ученичка во деветто одделение при ОУ ,,Свети Климент Охридски,, во Битола каде го развила моделот и единствена девојка од сите 15 учесници на натпреварот

,,На ваков зафат ме инспирираше тоа што прво бев на натпревар во Скопје и видов многу убави модели. Затоа решив да го направам токму Титаник. Тоа за мене беше еден голем предизвик и на моделот работев цели четири месеци. Долниот дел на бродот го изработив од лесонит и фурнир, на горниот дел користев картон и хартија, а бродот има и специјално осветлување за да се добие автентичен амбиент при што за тоа користев лед диоди, изјави Евгенија Дивитарова.

Ни раскажа дека при изработката на моделот се соочила со помали проблеми, љубовта кон бродовите ја имала од малечка, а талентот и го откриле наставниците

Од училиштето велат дека успехот е дотолку поголем бидејќи креаторот на Титаник е женско.

,,Одушевува нејзината енергија да твори во сферата на техниката и технологијата. Учествуваше и на регионални натпревари, а сега финишира со прво место на државен натпревар. Се надевам дека таа со ова практично ќе биде и добар пример и останатите ученици да ги бираат техничките предмети и да се насочуваат на инжинерските факултети за да може реално да се поттикнат учениците да ги користат вештините од техниката, технологијата и инжинерството понатаму, изјави Андријана Мигуловска, директор на ОУ ,,Свети Климент Охридски,,.

Евгенија вели дека и натаму ќе продолжи во твори во областа на бродомоделарството.