„Злосторство и казна“-сценска приказна за човековото зло и добрина

0
2097

По претставата Отело која пред две години ја постави во битолскиот театар словенечкиот режисер Диего Де Бреа се врати во Битола. Околу 50 тина дена ја работи претставата „Злосторство и казна“, по текст на Достоевски. Премиерата е во сабота

-Можеби ова е едно дело на Достоевски кое е најдобро напишано, за таа актуелност што значи да се погреши во животот, да се направи злостор, да се направи грешка, да се промаши, да се згреши. Тоа сите ние добро го знаеме. И тоа значи дека тука нема некоја голема специфичност. Овај текст се занимава повеќе со тоа што му значи на човекот кој влегува во вакви работи и како го поднесува, доаѓајќи до катарзична состојба  на чистење или прочистување , до моментот да признаеш. Тоа не значи да си признаеш себеси, тоа не значи кога тоа го криеш, тоа не значи дека тоа останува некаде во тебе. Тоа во животот многу ретко го правиме , така што живееме како што жиевееме, со лаги , и овај текст зборува токму за тоа.

Главниот лик Родион Романович Раскољников го игра Огнен Дранговски

-Мојата актерска психа уживаше да работи во тоа и да ги пронаоѓа тие ситуации, изјави Огнен Дранговски, актер

Иван Јерчиќ во „Злосторство и казна“, игра повеќе ликови а со словенечкиот режисер Диего Де Бреа работи по втор пат

-Приказните се фокусирани во главните точки во кои што тој и самиот одлучи дека се главни точки, изјави Иван Јерчиќ, актер

Во претставата играат и Марија Стефановска, Катерина Аневска, Валентина Грамосли, Марјан Ѓоргиевски, Александар Стефановски и Никола Пројчевски.

-Ова беше на некој начин ново откривање и нови погледи на театарот, изјави Марија Стефановска, актер

Уметничкиот директор Благој Мицевски, кој е и костимограф на претставата  најави дека „Злосторство и казна“ ќе биде прикажана и надвор од земјава.