Змија во градскиот парк во Битола

0
5635

Уште едно предупредување за змија во Битола. Овој пат во градскиот парк. Забележана била денеска нешто после пладне.

И во овој случај, оној кој ја снимил предупредува преку социјалните мрежи и преку медиумите на внимателност на граѓаните кои шетаат низ градскиот парк, каде фрекфенцијата особено во недела е голема.

Се упатува на внимателност и заради фактот што ова е и место каде најмладите си играат.

Пред некоја недела информиравме за слично вакво предупредување за змија во центарот на градот.