Значително облачно со повремен дожд

0
457

Во Македонија ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава, а во останатите ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 6 до 12, а максималните од 14 до 24 степени. Во Битола дневната температура до 21 степен.