Знамето на Палестина ќе се вее пред ООН

0
126

Со мнозинство гласови Генералното собрание на ОН ја прифати палестинската предлог резолуција знамињата на земјите посматрачи, Палестина и Ватикан, да бидат ставени на јарболите пред седиштето на ОН во Њујорк.

За предлогот гласаа 119 земји, 45 беа воздржани, меѓу кои и Македонија, 8 држави беа против. Против гласаа САД, Израел, Австралија, Канада… Русија гласаше за.

САД и Израел се против признавањето на палестинската држава затоа што сметаат дека тоа ги поткопува напорите за постигнување мировен договор, јавува АП.

Освен Македонија, воздржано гласаа и Германија, Австрија, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Унгарија, Бугарија, Украина, БиХ, Кипар, Чешка, Холандија, Данска, Летонија, Естонија, Литванија…

За израелскиот амбасадор во ОН прифаќањето на оваа резолуција е „флагрантен обид за узурпација на ОН“.

Знамињата треба да бидат подигнати во рок од 20 дена. Палестина е посматрач во ОН од 29 ноември 2012 година.

Македонија беше воздржана и за приемот на Палестина во ОН како посматрач, воздржано гласаше и кога Србија бараше поддршка во ГС за мислење од Судот во Хаг, околу независноста на Косово, за Резолуцијата против величењето на нацизмот, неонацизмот и ксенофобијата предложена од Русија…

www.mkd.mk