ЗНМ бара УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ

0
446

Блокирањето на сметката на Македонската радио телевизија од страна на Управата за јавни приходи претставува дрзок упад на владата врз институционалната автономија на јавниот сервис и е смислен притисок на власта со цел да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување во пресрет на предвремените избори, реагира Здружението на новинари на Македонија.

„Ваквите притисоци треба да го оневозможат јавниот сервис да обезбеди еднакво медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес. Апсурдно е УЈП да глуми финансиска дисциплина и да ја обвинува МРТ за неплаќање на даноците кога самата Управа не е во состојба да ја наплати радиодифузната такса, што е основен извор на финансирање за јавниот сервис. Место да ја блокира сметката на МРТ, УЈП треба да и објасни на јавноста зашто досега не ја исполнува законската обврска и во целост не ја наплати таксата“, соопшти ЗНМ.