Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија

0
455

Зоран Божиновски, сопственикот на интернет порталот „Буре весник“, е испорачан на Македонија која го бара поради здружување во криминална група, шпионирање и уцена, објави Танјуг.

Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски по одлуката на судот дека се исполнети условите за негово испорачување.

За Божиновски е распишана потерница на Интерпол поради сомнеж дека и тој, наводно, е инволвиран во предметот наречен „Шпион“.

Независното здружение на новинари на Србија реагираше за неговото апсење.