Зоран Елисковски го фати крстот во Битола

0
879

28 годишниот Зоран Елисковски од Битола го фати светиот крст во осветените води во базенот на соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“.Од околу 20-мината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Елисковски кој досега учествувал повеќе пати , но прв пат со годинава со успех . Тој го честита големиот празник Водици и посака здравје, среќа и бериќет.

И оваа година во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ се одржа свечана литургија со која чиноначалствуваше владиката Петар.

На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.
Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања .

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY