Зоран Илиоски кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Битола

0
4918

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 37 кандидати за градоначалници. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Централниот комитет му ја предложи новата листа, а во неа и кандидатот за градоначалник на Битола од оваа партија.

За Битола се предлага Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, дипломиран електротехнички инжинер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско, стои во партиското соопштение.