Зоран Мишевски за Еуро 2016

0
521

Започна одборјувањето за почетокот на европското првенство во фудбал Еуро 2016, кое ќе се одржи во Франција.

Европските првенства започнаа во 1960 година, кога на завршницата се најдоа само најдобрите 4 репрезентации, а до 1980-тата финалните турнири беа фајнл фор, така што дури од 1984-тата тргна турнирското играње во кое имаше 8 екипи, кои беа поделени во две групи од по 4 селекции.

Од 1996 до 2012-тата година бројката на учесници беше 16, а оваа година за прв пат настапуваат 24 репрезентации .

Европското првенство директно од Франција ќе го следи спортскиот новинар Зоран Мишевски, а информациите ќе се прикажуваат секојдневно во Актуел на Тера телевизија.

Повеќе за Еуро 2016 од разговорот со Мишевски кој следува.