Зоран Заев во ОЈО

0
349
По извршениот увид во доказите денеска одбрaната на Заев треба да се произнесе за индициите на обвинителството. Минатата недела по едночасовниот увид во доказите во Основното јавно обвинителство, лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите правни застапници не соопштија детали за тоа какви докази прибавило обвинителството во случајот кој го отвори за изборни нерегуларности.
Заев со уште едно лице вработено во партијата се осомничени дека ги лажирале финансиските извешати на СДСМ и незаконски обезбедиле пари за финансирање на изборната кампања за предвремените избори лани во декември. Освен Заев, минатата недела  на распит беше повикан и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој тврдеше дека не добил покана.
Оваа истрага, како што велат од обивинителството е отворена уште минатата година, а сослушани биле над 70 лица како сведоци. Детали не соопштуваат ниту од обвинителството се додека не се стекнат, како што велат, законски услови.