Зошто апелација ги потврди мерките на кривичниот суд?

0
1345

Поранешниот премиер Никола Груевски има познат идентитет и познато место на живеење, семеен човек е, татко на две деца со оформено потесно семејство, има воспоставени семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење и во оваа фаза на постапката примената на мерката притвор за него не е оправдана. Обвинетиот Никола Груевски се појави на јавната седница и вети дека ќе биде достапен за судот и оваа околност второстепените судии ја земале во предвид при одлучувањето дали да му биде орпеделена мерка притвор или не.

Ова се дел од причините кои се наведени во решението на Апелацискиот суд Скопје кој донесе одлука по жалбите на обвинетиот Груевски и Специјалното јавно обвинителство и кој денес беа објавени на официјалната веб страница на судот.

Судиите ценјќи ги фактите и околностите , донесоа одлука дека присуството на обвинетиот во оваа фаза од постапкат, место со притвор, ќе се обезбеди и со поблаги мерки. Привременото одземање на патната исправа и обврската за редовно јавување во судот, успешно ќе ја елиминираат опасноста од бегство, стои во одлуката. Според решението на второстепениот суд, Груевски веќе ги депонирал патната исправа и дипломатскиот пасош, а мерките на претпазливост се внесуваат во компјутерката евиденција на Министерството за внатрешни работи и обвинетиот не може да оставри излез од Република Македонија ниту со личка карта. Парите кои Груевски ги поседувал во банка, а за кои извести СЈО на јавната седница, судот не можел да ги земе како одвоена причина, туку судиите сметаат дека е тоа во склоп на личните и семејни прилики, и истите не се од решавачко значење за донесување на поинаква одлука, пишува во решението на Апелацискиот суд.

Второстепениот суд ја потврди одлуката на Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1, сметајќи дека судиите правилно постапиле кога му определиле мерки на претпазливост на обвинетиот. Дека и првостепените судиите донеле правилна одлука, според апелациските судии говори и фактот што Груевски се појавил на јавната седница и дал ветување дека ќе биде достапен за судот.

Во врска со втората причина за влијанието врз сведоци поради која СЈО бараше притвор, судиите сметаат дека барањето е апстракно истакната можност за влијание. Во решението се вели дека СЈО требало да наведе конкретни околности кои го потврдуваат постоењето на опасноста дека Груевски може да влијае на сведоците. Бидејќи, како што стои во решението, СЈО не го сторило тоа , судот овој предлог го одбил како неоснован.

Без коментари