Зошто да не се пие кафе кога е жешко?

0
170

Битола градот каде без кафе не се може, и на -30 и на 40 степени во сенка, нашиот Широк Сокак врие од пијачи на кафе, арно ама на овие африкански горештини ова воопшто не е добра идеја.Еве неколку причини зошто не треба да пиете кафе кога е жешко.Проблемот е во тоа што кафето (баш како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го подига крвниот притисок, го забрзува пулсот, па дури може и да предизвика прескокнување на срцето. За жал, тоа подигање на крвниот притисок е само моментално, а токму после престанувањето на дејството на кофеинот, може да дојде најлошото. Сигурни сме дека не сакате да ви се слоши, а уште помалку да доживеете инфаркт или мозочен удар. Исто така, кофеинот е силен диуретик, што значи дека поттикнува брзо излачување на течноста од организмот, без разлика дали е потење, или често одење во тоалет, што доведува до дехидрирање, а и до непријатна глетка со кругови под мишка. Што се однесува до психата, ни овде кафето и топлината не се добра комбинација, бидејќи кафето го зголемува лачењето на хормонот на стрес, адреналин и кортизол, што во загушливиот градски сообраќај без клима може само да ви ги зголеми симптомите на анксиознот, но ќе доведе до тоа да ви „падне шеќерот”. Посебно е опасно ако се определите за ладно кафе со многу шеќер и млеко. Не само да е во прашање калориска бомба која ве дебелее, туку никако не е добро ни за здравјето. Ем што може да ви скокне шеќерот, ем што никогаш не можете да бидете сигурни во квалитетот на млекото, што може со денови да ве врзе за WC-шолјата. А ако баш морате…Доколку сте до таа мерка зависни да веќе однапред знаете дека нема да го послушате советот кафе да не пиете воопшто – напијте се само едно, утринско кафе и тоа она црно, без шеќер или млеко – и тоа никако на празен стомак.Иако тоа звучи обратно, експерти советуваат кафето да биде ТОПЛО! Бидејќи , топлите пијалоци и супа, дури и во најлошите горештини, всушност ја поттикнуваат терморегулацијата, и после првиот мозочен удар, ни пружат чуство да се разладиме.