Зошто децата неправилно зборуваат?

0
233

70 -80 % од децата на возраст од 3-7 годишна возраст во Југозападна Македонија покажуваат говорни патологии, колку за споредба во клас од 25 деца дури 17 имаат потреба од работа со логопед. На што се должи оваа појава, како да се спречи или превенира, ги прашавме оние кои ги откриваат и работат со децата со проблеми во говорот, гласот или слухот.

Анита Ѓорѓиевска директор на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас вели дека ги опфаќаат децата од Југозападна Македонија на возраст од 3-5 години.

Иако не се води официјална статистика се смета дека од домашната средина доаѓа ваквата појава на дислексии.

OLI_DECA_GLAS_002.jpg

Ѓорѓиева вели дека во последно се смета дека родителите кои се по цел ден на работаа немаат многу време за децата ги оставаат пред телевизор и многу малку зборуваат со нив што доведува до развој на говорни и гласовни патологии.

Нивната работа е амбулантска и теренска, на тој начин го вршат детектирањето и рехабилитацијата.Неправилното изговарање на гласот Р, Л, С и останатите на кои најчесто децата запнуваат, спаѓаат во говорни патологии.

OLI_DECA_GLAS_004.jpg

Анита додава дека сите непрвилности во говорот и гласот кај децата се смета за патологија само едните сами од себе заминуваат како физичките а со одредени патологии рехабилитацијата е подолготрајна.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY