Зошто Грците не пазарат во Битола?

0
172

Грција пропадна подлабоко во финансиска бездна откако на полноќ истече 5-годишната програма за финансиска помош и земјата не успеа да го врати долгот спрема Меѓународниот монетарен фонд. САД бараат продолжување на преговорите кои ќе обезбедат за Грција економски раст во Еврозоната.Со невратениот долг од една милијарда и 600 милиони евра, Грција стана прва развиена земја која не успеала да и се раздолжи на оваа институција. Последна земја на која и се случило вакво нешто беше Зимбабве во 2001 година. И покрај оваа актуелна состојба кај соседот сепак на патот Кравари Битола и обратно има проток на грчки автомобили.Ги има и такви кои точат гориво на бензиските. Локалните маркети и кафеани зад камера велат доаѓаат грците но не како порано, за споредба карикираат ни 10% од претходно кога колони од возила минуваа низ овој пат. На градскиот пазар во Битола пак иако среда народ има. Продавачите коментираат дека изостануваат грчките купувачи, послабо се присутни на тезгите но не заради кризата кај нив ниту заради ограничениот кеш од 60 евра дневно, туку заради границата.

Велат послабо доаѓаат на граница им ги фрлаат или одземаат работите за да не ги оставаат грчките пари во Македонија, велат продавачи на битолскиот пазар.
И оваа денешна состојба го потврдува неодамнешниот став на битолските стоматолозидека грците кои често поправаа заби или ставаа мостови се изретчија и дека моменталната нивна клиентела се странците од Европа и дијаспората.