Зошто хеликоптери ја надлетуваа Битола?

0
3656

Рано утрово и попладнево хеликоптери ја надлетуваа Битола. Голем број гледачи се обратија во нашата редакција со прашање зошто хеликотери ја надлетуваат Битола.

Од битолската полиција за Тера велат дека нема место за паника, не е доведена во прашање безбедноста во градот, туку дека станува збор за надгледување на пренесувањето на лица  од битолскиот затвор кои се носат во Скопје на распит во тамошните судови.

Исто така зголемено беше и полициското присуство на дел од сообракајниците низ градот низ кои се движеше колоната возила за спроведување на лицата.

За денеска во во Основен суд 1 Скопје беше закажано продолжение на рочиштето за случајот „Диво насеље“.

На претходното судско рочиште искази дадоа 4 припадници на специјалната единица на полицијата, во својство на заштитени сведоци. Рочиштето беше затворено за јавноста.

Во ноември минатата година Основното Јавно Обвинителство поднесе обвинение против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”, за настаните од 9 и 10 мај лани во кумановската населба „Диво Насеље“, каде беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени. Во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

На првото рочиште сведочеа петмина, од кои четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица Гошинце, пред настаните во Куманово, и еден очевидец од Диво насеље.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY