Зошто личен асистент за лицата со телесна попреченост?

0
1070

Како да им се овозможи на лицата со телесна попреченост, до највисок можен степен да достигнат самостоен живот, како активен член кој ќе придонесува во заедницата и општеството во целина? Како до унапредување на услугите за социјална вклученост? На заедничка маса на оваа тема денеска седнаа и дискутираа лица со телесна попреченост, лични асистенти, претставници од Агенцијата за вработување, како и претставници на локалната самоуправа, центрите за социјална работа, претставници на работодавачите и граѓанските организации кои работат со оваа група на граѓани.

-Целта на овај проект е сите вклучени во овај проект да добијат информација за тоа што е лична асистенција, за што служи, и кои се критериумите за добивање на таква лична асистенција? Она што нас ни е посебно важно да од самите лица со телесна попреченост добиеме повратна информ,ација за тоа како треба да изгледа таквата услуга , што треба да вклучува , каков профил треба да биде личниот асистент и како тие лица го гледаат развојот на таквата услуга во иднина. Поточно како гледаат на личната асистенција во секојдневниот живот, но и за личната асистенција на работното место. Бидејќи факт е дека нема многу лица со инвалидитет кои што работат , и мислам дека со овај проект, со ваквата услуга, ќе им се овозможи на лицата со телесна попреченост полесно да се запослат и да се вклучат во пазарот на трудот, изјави Марјана Јанковиќ, стручно лице вклучено во проектот за лична асистенција

Оваа обука е само една од серијата од 10 те обуки кои се случуваат на национално ниво, и кои ќе се одржат во осумте плански региони во Македонија, во 10 градови, во соработка со 10 здруженија на граѓани, кои ќе имаат и улога на сервисни служби.На денешниот тренинг беа присутни 8 лица со телесен инвалидитет и 8 асистенти, кои за време на траење на процесот на пилотирање им ја овозможија услугата на лична асистенција

Преку овај проект кој што за прв пат се реализира кај нас и кој ќе биде од неизмерно значење за секој онај кој што се обидува да живее нормален живот, условно нормален живот, во секојдневието, во општеството, но е спречен поради одредени околности, изјави Симона Јовеска, иден корисник на услугата за личен асистент

Преку понудените обуки целните групи ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини за личната асистенција, како значајна услуга за лицата со попреченост, и за можностите за нејзино имплементирање и пилотирање. Тука се поставува прашањето кој ќе го плаќа личниот асистент

-Една од активностите на овај проект е да се направи финансиска рамка за добивање на ваква услуга, и таа финансиска пресметка хја претставиме пред министерството , и во однос на тоа каква ќе биде финансиската рамка, колку финансиски средства се потребни и на кој начин во иднина ќе се финансира една таква услуга, вели Јанковиќ

-Во секој случај ова е проект кој што мора да биде финансиран од владата или пак преку спонзорства, бидејќи не самите лица кои имаат потреба можат да си дозволат да плаќаат личен асистент, вели Јовеска

Проектот Унапредување на услугите за социјална вклученост се соостои од три компоненти : Унапредување на професионалната рехабилитација и вработувањето на лицата со инвалидитет, Воведување на услуги за лична аисстенција за лицата со инвалидитет и Надградба на постоечкиот ИТ Мониторинг систем и вмреживање. Проектрот е финансиран од Европската Унија .