Зошто на БАС?

0
827

Бизнис академијата Смилевски е висока стручна школа основана во 2007 година од страна на Проф. д-р Цветко Смилевски, експерт во областа на бизнисот, кој во 1991 година со својот ДЕТРА Центар ги постави основите на менаџерското образование во Македонија.

Бизнис академијата Смилевски е единствената високообразовна установа во Македонија со акредитирана програма за професионални студии по Оперативен менаџмент. Идните раководители, шефови и надзорници/супервизори сега имаат можност да се стекнат со соодветно професионално високо образование.

Академијата нуди единствена професионална диплома на овие простори – дипломиран оперативен менаџер, со можност за избор на некој од потпрофилите внимателно избрани според најчесто бараните професии во земјата: комерцијалист, деловен секретар, претприемач, спортски менаџер и естраден менаџер.

Постдипломските студии на БАС се во полето на Стратегискиот менаџмент. Дипломата која се доделува за овој циклус студии гласи МБА – Специјалист по стратегиски менаџмент. Студентите на вториот циклус на студии можат да одбираат од четирите програмски модули: Стратегиско водство, Консалтинг менаџмент, Проектен менаџмент и Менаџмент во културата.

Предавањата се одржуваат во Скопје, Битола и Струмица, а ги држат 10 редовни наставници и поголем број надворешни соработници.