Зошто нема налепници за регистрација на возилата?

0
3044

Битолчани не можеле да ги регистрираат автомобилите бидејќи немало налепници за регистрација. Од Министерството за внатрешни работи велат дека ја поништиле постапката заради нереаолно високи цени на единствениот понудувач за околу 40 илјади евра повеќе од реалната цена .

Додаваат дека Согласно Законот за јавни набавки, во повеќе наврати побарана е согласност од Советот за јавни набавки за примена на постапка од крајна итност за набавка на количини за краток временски период, додека не се направи набавка на истите по редовната отворена постапка.

Имено, првото барање до Советот за јавни набавки е доставено на 07.06.2017 година, а на 12.06 е даден негативен одговор. Второто барање е испратено истиот ден на 12.06, а на 13.06 повторно од Советот за јавни набавки е даден негативен одговор. На 13.06 во петокот е испратено и третото барање и доколку Советот достави позитивно решение во текот на наредните денови, веднаш ќе пристапиме кон избор на добавувач кој во најкраток можен рок ќе изработи налепници за извршена регистрација, тврдат од МВР.

Велат дека последната количина на обрасци за лични документи била пристигната на 21.01.2017година.

Инаку со измените на законот за возилата, од 2014 та со секоја регистрацијата на возилото се става и налепницата, која треба да биде истакната на видно место. Налепницата е еден од показателите за полицијата дека возилото е регистрирано. Нерегистрираното возило повлекува казна.