Зошто рок за нарачка на огревно дрво од Македонски шуми?

0
912

По објавениот повик од страна на ЈП Македонски шуми за набавка на техничко и огревно дрво за 2016 година бројот на склучени договори од страна на граѓаните е сличен како и за минатата година. Првиот рок за аплицирање  беше од 15 март продолжен до 30 март. Најверојатно ќе има уште рокови, ќе се прави проценка и анализа на планираното со продаденото, па ќе се носи одлука за продолжување на рокот за аплицирање. Се зависи од продадената количина и плановите, вели првиот човек на ЈП Македонски шуми во битола

-Голем број на граѓани го чекаат последниот ден и тогаш сакаат да склучат договори , во август, септември и октомври , а тогаш временските услови не се добри и не можеме веднаш да ги испорачаме дрвата. Ако склучиме договори мора да ги исполниме условите  од договорот и да ги испорачаме дрвата. После септември граѓаните ќе можат да дојдат во складот и да си купат огревно дрво, изјави Митко Стојковски директор на ЈП Македонски шуми – Битола

Градот Битола троши околу 50 илјади просторни метра огревно дрво.

– Целта е да ги задоволиме потребите за огревно дрво. До денес имаме склучено договори за 22 илјади просторни метра огревно дрво со физички лица , додаде Стојковски
Центата и годинава останува иста како лани, со тоа што огревното дрво граѓаните ќе можат да го купат на пет рати или со готовинска уплата.

-Цените на огревното дрво остануваат исти како и во изминатите 5 години. Цената на еден метар просторен даб изнесува 2661 денари, буката се продава по 2578 денари , а послабото огревно дрво од 3 до 7 сантиметри се продава 2066 денари, изјави Митко Стојковски директор на ЈП Македонски шуми – Битола.
Од 1 април ќе се разгледуваат и барањата на фирмите кои вршат препродажба на огревно дрво од македонски шуми на Македонија.