Зошто скрининг за трудници од 19 до 24 недела?

0
3190

Секоја трудница се грижи за своето и здравјето на нејзиното бебе. За да биде сè во ред и бременоста да ја износи до крај, неопходно е да направи неколку тестови. Бидејќи технологијата е толку напредната, но и поради високиот степен процент на вродени срцеви аномалии кај неризичните групи на трудници се прави фетална ехокардиографија. За каква метода станува збор одговор побаравем од др Драшко Димески од Поликлиниката на Аџибадем Систина

-Феталната ехокардиографија е метода која овозможува откривање на вродените срцеви аномалии кај фетусот уште во најрана фаза од бременоста, изјави Д-р Драшко Димески, специјалист по педријатриска кардиологија од Поликлиниката на Аџибадем Систина

Докторот вели дека задолжителен скрининг за сите трудници е од 19 до 24 недела. Кои се предностите на скринингот и зошто се препорачува во тој период?

-Во овај период е најдобар првиот скрининг затоа што самиот фетус, во однос на неговата големина и во однос на неговото движење, дава подобри опции на гледање со ултразвукот , во однос на позициите кога истиот фетус е поголем, вели Д-р. Дамески

Тука се поставува прашањето колку срцевите аномалии се решаваат кај фетусот?

-Феталната ехокардиографија на површина исфрли многу битни податоци. ПОкажа некои дискрепанции во однос прво на бројката, а второ и однесувањето на една срцева аномалија за време на бременост. НАјновите информации кои доаѓаат од тие референтни центри зборуваат дека потешките комплексни кардиопатии во старт почнуваат како едноставни. Ако вие имате опција да таа едноставна кардиопатија ја решите интраутерно, тогаш податоците зборуваат дека тој фетус, односно тоа бебе кога ќе дојде, нема да ни развие некоја потешка форма на кардиопатија, додаде Д-р. Дамески

Она што повеќето трудници ги интересира дали скринингот може штетно да делува врз плодот?

-Апсолутно не. Се работи за ултразвук. ПАациентите не треба да имаат размислување како сега има зрачење, ренген снимка итн. Тоа е апсолутна безбедна метода по однос на фетусот, без никакви проблеми, рече Д-р. Дамески

Статистчките податоци пак добиени од референтни центри кои се занимава со фетална ехокардиографија покажуваат дека застaпеноста на вродените срцеви аномалии е поголема од 6-8 на 1000 новородени. Денес медицината, технологијата и искуството може да понудат точна дијагноза и соодветен третман кај речиси секој тип на срцева мана, вели Д-р. Димески