Зошто сме игнорирани?

0
829

Претставници од ромското население во Битола, претставници на политички патртии и на локални институции , претставници на јавни претпријатија и граѓански здруженија седнаа на заедничка маса да ги елаборираат проблемите со кои се соочува ромското население. Претставници од Ромскиот парламент посочија дека политичките партии ги користат само за време на изборите

-Им требаме на партиите пред избори. Сè ни ветувале, нешто направиле пред денот на изборите, некое уличе асфалтирано на пола, од асфалтот само горен слој ставаат и за три месеци го нема. Лажени сме катастрофално од сите партии. Не сме задоволни од ниедна партија, сите не лажат и не користат само за време на избори. Па и ние сме луѓе, изјави Селајдин Касум, член на Ромскиот парламент


Тој се пожали и на урбанизацијата и на вработувањето а и на школувањето на нивните деца

-На иста улица со исти број живеат повеќе семејства . Не можат да извадат документи, ни лична крата зашто живеат во дивоградби, немаат имотен лист. Поради ова проблеми има и со вакцинирањето на новороденчиња. Преку лето немаат вода, а преку зима немаат струја.Таму се повеќето социјалци, невработени, вели Касум


Од Здружението  „Рома СОС “ со препорака до власите да се овозможи правилно нумерирање на куќите и адресирање на улиците, да се инвесира во градба на станбени згради или индивидуални објекти за живеење, да се овозможи пристап до канализациска и водоводна мрежа, да се изврши теренска проверка во врска со пристапот до електрична енергија на жителите, со посебен фокус на делот на Петочна вода,да се организираат еколошки акции за чистење на депониите, и да се овозможи повисоко ниво на хигиена и здравје.

– Ромското население е заинтереисрано и сака да се вклучи во надминување на овие проблеми. Но потребно е локалната власт и претпријатија да покажат волја и интерес за да се соработува во идниот период. Нивното игнорирање на овој настан и на барањата на ромската заедница се всушност знак дека нема волја за надминување на овие проблеми, изјави Насиме Салиовска од Здружението „РОМА СОС од Прилеп.

Општина Битола е четврта по ред на национално ниво по бројот на ромско население, а локално ромите соочинуваат 2,74% од вкупниот број на жители. Трибина за проблемите на ромската заедница во Битола ја  организацираше Здружението „РОМА С.О.С.од Прилеп.