Зошто тутунот „Вирџинија“ е нелегален?

0
993

Во акција на Државниот инспекторат за земјоделие вчера во Могила и Кукуречани беа уништени 5,7 хектари крупнолисен тутун „Вирџинија“, тутун кој незаконски бил одгледуван. Но иако овој тутун е главната состојка на цигарите кои ги произведуваат двата тутунски комбинати во Македонија, директорот Стаменов објаснува дека тутунот не е забранет, но не смее да се одгледува затоа што нема откупни компании.

-Главната маса во цигарите 80-85% оди кај тутунот „Вирџинија“. Скопскиот и Прилепскиот тутунски комбинат , овој тутун го увезуваат од надвор. Изминативе 4-5 години ниту една компанија не пројави интерес да го откупува тутунот „Вирџинија“. Затоа е забрането да се одгледува, вели Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделие.rumen tutun

Стаменов разговарал со 3 компании кои имале пројавено интерес да откупуваат ваков тутун.

-Но во последен момент се предомислија и кажаа дека им е скапо, рече Стаменов.

Земјоделскиот инспекторат и лани во септември во акција заплени тутун „Вирџинија“ на површина од 60 хекатари во атартот на Могила, а казнети беа 26 земјоделци. Дел од земјоделците на чии ниви вчера беше уништен тутунот, биле казнети и лани за нелегално производство на тутунот „Вирџинија“.