ЗПММ: Потребна е итна корекција на тарифникот за регионалните и локалните медиуми

0
413

Здружението на приватни медиуми на РМ (ЗПММ) бара итна корекција на тарифникот, кој е дел од Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка во август 2015 година.

Барањето го испраќаме по последните измени и дополнувања на Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка кон крајот на август оваа година. Иако Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) е мнозинското здружение во државава, во кое членуваат над 80% од сите медиуми во државава, за носењето на овие измени не бевме консултирани и истите се донесоа без притоа да се разгледаат и уважат барањата на нашите членови. Начинот да се плаќа износ ограничен во плати и тоа 18 просечни плати за медиуми кои работат на државно ниво, 12 просечни плати на регионално и шест на локално шест за нас е ДЕЛУМНО ПРИФАТЛИВ.

215366

Ова, пред се поради фактот што ако 18 месечни просечни плати се однесуваат на два милиони гледачи и слушатели, како е утврден износот од 12 месечни просечни плати за регион кој максимално изнесува до 250.000 потенцијални гледачи и слушатели што изнесува една десетина од популацијата. Надоместокот е реално непропорционален со гледаноста. Локалните медиуми често работат и со публика од 15-30.000 гледачи и слушатели. Ако се има предвид дека лиценцата за работа се наплаќа врз основа на број на жители на регион, неспорно може да се утврди колкава е покриеноста на регионално и локално ниво и на тој начин очигледен е несразмерот помеѓу висината на надоместокот на државно, регионално и локално ниво и на ваков начин директно ни се нанесува сериозна штета.

Според првичните проценки кои ги направија нашите служби, регионалните и локалните медиуми на овој начин ќе плаќаат скоро двојно повеќе од износите кои ги плаќаат сега на годишно ниво на име на авторски права. По однос на начинот за наплата преку системот за електронска евиденција предлагаме да определите кои ќе бидат несценски музички дела кои се нужни за вршење на дејноста, а се подложни на наплата. Нејасно е дали при емитување на информативна програма – вести во кое има аудио визуелно дело во кое има фонограмски запис нејасно е дали и во овој дел би се определил надоместок бидејќи од видот на програмата – вестите бидејќи радиодифузерот не оставарува приход од таквата програма – вести, а од друга страна фонограмот не е нужен и неговиот удел е минорен.

Неспорен факт е дека ваквиот вид на фонограмски запис ниту може да се наплати, ниту се наплатува, ниту пак може да се определи. Веќе подолго време апелираме и на наједноставниот начин на кој може да се стави ред во овој сегмент. Доколку се наплаќа надоместок во процент кој е определен во табелата од точка 22, надоместокот да се пресметува на нето добивката која произлегува од завршната сметка во Управата за јавни приходи на РМ. Исто така ве потсетуваме и на последниот допис кој е испратен медиумите во РМ (бр. 628-1-03 од 25.12.2015 година), а во врска со забраната за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од страна на Здружението ЗАМП. Во дописот стои дека децидно се ЗАБРАНУВА емитување на авторски музички дела по пат на радио-дифузно емитување од репертоарот на ЗАМП почнувајќи од 01.01.2016 година.

Со оглед на законската обврска за емитување на одреден процент на македонска музика на медиумите во РМ, Ве информираме дека со оваа забрана, а со оглед на бројката на авторите и делата кои се забранети и опфатени со одлуката, дека членовите на ЗПММ нема да можат да ја исполнат законската обврска да емитуваат 50% македонска музика од 01.01.2016 година, пред се` поради премалиот број на песни кои останаа и кои можат да се емитуваат. Ве молиме, ВО НАЈИТНО ВРЕМЕ, да ни обезбедите услови за да можеме да ги исполниме нашите законски обврски, кои сме ги прифатиле и кои ги почитуваме за заштита, промоција и негување на македонската музика. Во спротивно, како Здружение, ќе ги повикаме нашите членови на БОЈКОТ и комплетно да ја повлечат од своите програми македонската музика, се` до комплетното средување на работите и односите во оваа исклучително важна област.