Ѕвездите на Барселона ќе ги заменат своите имиња на дресовите со натпис против страшниот терористички чин (Фото)

0
749

Страшните случувања кои вчера ја здрмаа Барселона едноставно внесе голема паника и немир меѓу сите жители на овој град,  а со оглед на тоа што жртвите од организираниот терористички напад се зголемуваат од час во час, постојано пристигнуваат различни пораки и гестови за изразување поддршка на оние кои најмногу загубија во грозоморниот чин.

Барселона оваа недела на својот домашен „Камп Ноу“ ќе го пречека Бетис во рамките од првото коло во шпанската Примера, а покрај едноминутниот молк посветен на жртвите, ѕвездите на каталонскиот гигант ќе им изразат поддршка на најпогодените семејства со тоа што во прв план ќе се најде слоганот „Барселона“.

Наместо имињата, на грбот на фудбалерите ќе пишува Барселона, а бидејќи ваквиот план на клубот бил експресно одобрен од страна на фудбалската федерација на Шпанија, јасно е дека почетокот на натпреварот ќе мине во знакот на несреќно настраданите во вчерашниот хорор.

http://derbi.mk