Авалон ги носи Горан Бреговиќ, Лени Кравиц, и Стинг во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Богата концертна програма најавуваат од „Авалон продукција“ за оваа година. Започнуваат во март со најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и попуарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот последен проект „Tri pisma iz Sarajeva“ и во Скопје, на 22 март во ВИП Арената.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите што ги носи на сите негови концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“, е најпродаван „Ethno world album“ во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

На концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Месечина“, „Калашњиков“, „Едерлези“ и уште многу други, па така од Авалон велат дека со гаранција предвидуваат незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.

Влезниците за концертот на Бреговиќ се веќе во продажба. Веднаш потоа најавуваат уште концерти за во месец мај на задоволство на македонската публика концерт на Лени Кравиц. Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.

Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.

За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.

После минатиот албум „Strut“ кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело , но сепак “Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low“ им е веќе добро познат на сите. Велат од Авалон и додаваат дека концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.

„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“, се само дел од хитовите кои македонската публика ќе има можност да ги слушне во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.

По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената во 2017 (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“ велат од Авалон.

Стадионот “Филип Втори” за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!

Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best of tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.

„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња, истакнуваат од продукцијата.

Најавија и дека во тек се подготовките за како што велат најмасовниот „Ohrid calling“ досега.


Повеќе стотини странски и регионални изведувачи настапиле на настаните во реализација на Авалон Продукција во изминативе дваесет години континуирана работа на пазарот на целиот Балкан. Концерти, фестивали и регионални турнеи запишаа навистина голема листа на препознатливи имиња во историјатот на продукциска куќа Авалон. Влезниците за сите концерти можат да се најдат на продажните места на Авалон.

Share.