Авион со 14 лица се урна во Русија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Седум лица се повредени  кога авион „АН-2“ удри во земја за време на слетување во Магадан, на рускиот далечен исток.

Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени.

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

Според првите информации, авионот е во сопственост на приватна компанија и удрил во земја од 10 метри висина.

Share.