Авион со 66 патници се урна во Иран

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ирански патнички авион што превезувал 66 лица се урна во планините Загрос во јужниот дел на Иран, објави „АФП“.

„Авионот се урна во регионот Семиром и сите служби за итни случаи беа известени.“, рече шефот на иранската служба за брза реакција, Пир Хосеин Куливан.

 

Во авионската несреќа во Иран, загинаа сите 66 лица, вклучувајќи ги патниците и екипажот.

„Откако ја пребаравме областа, за жал откривме дека загинале сите патници“, соопшти Мохамед Табатабај, директор на одделот на Односи со јавноста на „Асеман ерлајнс“, во чијашто сопственост е урнатиот авион.

Очевидците виделе како авионот се обидува вонредно да слета во рурална област. Нема првични информации, во прилог на тоа, кои би можеле да бидат причините за падот на леталото.

Share.