Австриски искуства за развој на фармерството

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Австриски експерти денеска пред пелагонсиските земјоделци ги пренесоа искуствата и практиките од областа на земјоделството, со посебен акцент на фармерството, млеко и месо преработувачката дејност.Работилницата насловена „ Земјоделство и рурален развој – искуства и практики“ ја организираше Австрискиот Агрикултурен земјоделски кластер во соработка со Здружението за едукација на земјоделци „Зелена Берза“ и ЛАГ Агро лидер Прилеп.

Автсрија како дел од ЕУ беше насочена кон руралниот развој и бидејќи имаме сличности со Македонија нашето искуство ќе го пренесеме тука, рече Кристијан Бравенз аташе од Федералното министерство за Одржливост и туризам. Херман Визер од Австрискиот агрикултурен кластер одржа предавање на тема Интеграција по должината на синџирот на додадена вредност на млеко и месо и Фактори за успех за квалитативно и квантитативно зголемување на производството на млеко, а генералниот директор на Сојузната асоцијација на австриски одгледна стока Мартин Штегфелнер одржа предавање на тема “Организација на одгледувачи на добиток и успешна сточарство и производство на млеко во Австрија “.


Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделелие во Битола Методија Илиевски се заблагодари на организаторите за ваквата работилница и ја искористи приликата да ги информира земјоделците дека се ставени во функција дисперзирани канцелари во Новаци и Могила. Пред присутните гости свое обраќање имаше и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска која што најави дека е во финална фаза на отворање на агроекономска зона .Работилницата се одржа во Синпекс.

Share.