Австрија и Германија за конзулска Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Н.У. Завод и музеј од Битола е поставена изложба на документи од архивите на Виена и Бамберг од периодот на конзулска Битола. Изложбата е во организација на Амбасадата на Австрија во Македонија, Почесниот австриски конзулат во Битола и Општина Битола. Автори на изложбата се почесниот конзул на Австрија во Битола д-р Валентина Илиева и професорите по историја Мире Младеновски, Горан Талевски, Иљо Трајковски и Ѓорги Јуруков. “Оваа изложба ќе биде поставена десет дена во Завод и музеј и е предвидена да се користи за предметите по историја во основните и средните училишта како и во факултетите при универзитетот Св. Климент Охридски од Битола“, истакна конзулката Валентина Илиева.

„Овој настан е потврда за соработката со Австрија на секаков план, особено на економски“, посочи градоначалничката на Општина Битола Петровска.

Габриеле Јанежич заменик на австрискиот амбасадор истакна дека конзулската традиција на Битола ја прави одамна да е во Европа.

Изложбата е најава за Меѓународниот научен симпозиум на тема „Почетоците на австриската дипломатија во Македонија , со посебен осврт кон Австро-унгарскиот конзулат во Битола 1851-1919 година.

Share.