Автобус влета во бензинска пумпа на Косово, две лица загинаа

0
346

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи на Косово во близина на селото Лугаџија кај Липљан, објави косовската полиција.

Приштински Индексонлајн објави снимка од безбедносна камера на која се гледа како автобусот влетува во кафулето на бензинската пумпа.

Во сообраќајната несреќа учествуваа автобус и два автомобили. Еден од сведоците на сообраќајната несреќа изјави дека автобусот на линија Приштина – Урошевац се обидел да избегне директен судир со автомобил, па преминал на спротивната страна на патот, влетал во бензинската пумпа и притоа удрил во автомобил што го напуштал објектот.

mkd.mk